КОИ СМЕ НИЕ

Solo е продукт на повеќегодишно искуство, голем број успешни проекти и задоволни клиенти.
Модерен дизајн, уникатни идеи и препознатливи форми се само дел од оригиналниот печат на solo.


Влечејќи инспирација од секоја наша и Ваша приказна, целта на solo е да Ви понуди одлична симбиоза на функционалност и префинетост. Секој проект е нов предизвик и нова приказна, еден уникатно скроен баланс помеѓу Вас, Вашите барања и можностите на просторот.

ОРИГИНАЛНОСТ

Основна цел е да се препознае Вашиот карактер и на тој начин да се обезбеди решение кое целосно ќе Ви одговара и вистински ќе Ве претставува.

СОФИСТИЦИРАНОСТ

Разликата помеѓу добар дизајн и одличен дизајн, е времето потрошено на детали. Токму од таа причина посветуваме максимално внимание на секој детаљ - Се е во деталите!

ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Практичноста и естетиката се две спротивставени страни - преку постојана комуникација со Вас се трудиме да обезбедиме баланс кој целосно ќе одговара на Вашите потреби.

Секој дел од просторот околу нас може и треба да има своја приказна и да зрачи со своја енергија.

Желбата да се создаде таа приказна, да се извлече таа енергија, да се понуди нешто повеќе од она вообичаеното, она секојдневното, ме доведе до solo.

Даниела Пејчинова Маркова

основач

ПРОЕКТИ

Сите
Деловни
Резиденцијални
#01
#02
#03
#04

ПРОЕКТИРАЊЕ

Организација на простор и изработка на проекти за резиденцијални и деловни објекти, кафе барови ...

ЗD ВИЗУЕЛИЗАЦИИ

Изработка на ЗD визуелизации за комплетни проекти, уникатни парчиња на мебел ...

ВОДЕЊЕ ПРОЕКТИ

Дефинирање на цели и управување со проектот се до нивно целосно исполнување.

МЕБЕЛ ПО МЕРКА

Проектирање и изработка на мебел по мерка со модерен и функционален дизајн кој целосно се вклопува во просторот за кој што истиот е наменет.

КОНСУЛТАЦИИ

Континуирана комуникација, консултации и мислења во сите фази на проектот.

ПОДДРШКА

Планирање, совети и поддршка при реновирање и преадаптација на постоечки простории, за избор на материјали, бои, подови, ѕидни облоги, тапети ...

НАШИ СОРАБОТНИЦИ

Контактирајте нé